| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена првата тематска музејска поставка вон музеј „Жената во Македонија низ времето“

По повод меѓународниот ден на жената, 8. Март во соработка со Археолошкиот Музеј на Македонија, Музеј на македонската борба и Ансамбл Македонија во Сите мол денеска беше отворена првата вонмузејска поставка на артефакти, носии и инсталации за жената во Македонија. Ова експо за прв пат, на едно место со голема синергија ќе ја прикаже жената во Македонија во вид на патување низ времето.

Македонската жена е претставена преку осум археолошки експонати насловени како „Праисториските дами од Македонија” кои датираат од 6-тиот милениум п.н.е. (среден неолит), па сè до средината на 4-тиот милениум п.н.е. (крајот на енеолитот); шест историски инфо табли каде е претставена “Жената борец за државност и самостојност”, жена која била бунтовник, револуционер и пред сè борец; како и пет експонати кои ја отсликуваат македонската жена низ фолклорот, преку артефакти кои го достигнале врвот на својата убавина, грациозност и доминантност во 20-тиот век, а се вбројувани во носии од највисок ранг во светски размери. Во рамките на отворањето, со цел доближување на жената низ етнолошка призма поблиску до скопската публика, Ансамблот Македонија изведе музички перформанс.

Несомнено е дека изложбата е успешна бидејќи е организирана во најфрекфентното место во градот каде илјадници луѓе поминуваат на неделно ниво. Посетителите кои ќе ја посетат и видат изложбата, ќе бидат поттикнати да ги посетуваат музеите почесто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top