| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството на Александар реагира: Собираат пари на нашата несреќа – финансиска помош не ни е потребна

Семејството на несреќно починатиот фитнес тренер и модел Александар Грујовски, по објавениот напис за барање помош за транспорт на неговото тело од Малта во Македонија вели дека станува збор за лажен повик и дека тие не побарале никаква финансиска помош. Велат дека случајот е веќе пријавен во полиција.

„Не бараме никаква помош. На нашата несреќа некој собира пари. Пријавено е до надлежните органи и сите ќе бидат гонети“ – велат од семејството.

Апелот деновиве брзо се ширеше на социјалните мрежи, па затоа апелираме доколу имате некоја информација да пријавите во некоја од полициските станици во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top