| четврток, 6 декември 2018 |

Бошњаковски: Мерцедесот не го продаваме, а може и ќе си го возиме

Владата по четврти пат се предомисли за продажбата на Мерцедесот, одлуката за акуција денеска беше поништена. Денеска портпаролот Миле Бошњаковски соопшти дека додека не заврши судскиот процес за набавката на „мерцедесот“ од претходната влада, тој нема да се продава.

Бошњаковски изјави дека постои можност и мерцедесот да се користи.

 

– Мерцедесот е конзервиран, направено е вештачење, и се ноаѓа во депото на Службата за општи и заеднички работи. Ќе видиме во наредниот период како и дали воопшто ќе биде ставен во функција, изјави денеска Бошњаковски, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој потенцираше дека нема правна пречка да се отуѓи „мерцедесот“.

СЈО, посочи, имаше директна изјава дека „мерцедесот“ може да се отуѓи, меѓутоа сакаме да ги исклучиме сите можни ситуации со кои што ќе им оневозможиме на обвинетите во рамки на таа постапка да го исклучат како материјален доказ.

Владата на синоќешната седница одлучи да ја стави во мирување продажбата на „мерцедесот“ вреден 600.000 евра што го набави претходниот владин состав, со цел да осигури дека никој нема да ја искористи оваа постапка за да избегне одговорност во судскиот процес каде ова возило е материјален доказ. Но, портпаролот Бошњаковски не одговори и на барањето на новинарите да даде коментар дали со самото тоа што Мерцедесот може да се користи, не се потврдува тезата на обвинетите дека имало потреба од негова набавка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top