| четврток, 6 декември 2018 |

Вангеловски и Додевски нема да бидат во телото за правосудство на Заев

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и претседателот на Адвокатската комора Никола Додоевски, кој му беше адвокат на Никола Груевски, најверојатно нема да бидат во Советот за правосудство со кој ќе раководи премиерот Зоран Заев, говорат неофицијалните информации.

Во овој Совет кој треба да ја следи имплементацијата на стратегијата за правосудството, ќе има претставници од Врховниот суд, Адвокатската комора, од апелационите судови во Гостивар, Битола, Штип и Скопје, како и од сновните судови Скопје 1 и 2, но кои ќе бидат дополнително ќе се одлучува, велат од Владата.

Покрај нив дел од она тело ќе бидат и министерот за правда Биљен Саљији, неговиот заменик Оливер Ристовски, јавниот обинител Љубомир Јовевски, претставник од Врховен Суд, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, народниот правобранител Иџет Мемети, како и Џемали Саити, претседателот на здружението на судии, универзитетските професори Гордана Блажетиќ и Беса Арифи и претставил на Блу Принт групата на граѓански организации за правосудство.

Меѓутоа во овој Совет нема да има претставници на Судскиот и Советот на јавни обвинители, но од Владата нема конкретен одговор зошто. Како што велат, членовите нема да бидат советници на премиерот туку практичари кои ќе ја следат имплементацијата на реформите.

plusinfo.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top