| четврток, 6 декември 2018 |

Миле Бошњаковски им предава историја на новинарите

Портпаролот на владата Миле Бошњаковски покажува дека првенствено е историчар а потоа е гласноговорник на институцијата која ја преставува.

Во пресрет на утрешниот празник 8-ми Март редакцијата на „Република“ упати прашање со кое сакавме да утврдиме како државните институции ќе се однесуваат кон жените за овој празник, Бошњаковски го прашавме: Дали премиерот ќе отстапи повеќе места во владиниот состав, со оглед на тоа дека на последниот марш побара место за жените во општествениот живот? И дополнително, што ќе им подари премиерот на жените вработени во владата?

Наместо да ни одговори на прашањето, Бошњаковски одлучи да не учи што претставува 8-ми Март, па наместо портпарол одлучи за момент да ја искористи дипломата за завршено високо образование – историчар.

Неговиот одговор ви го пренесуваме интегрално:

– 8 март е Меѓународен ден на жената преку кој се обележува борбата за политичка, економска и социјална рамноправност помеѓу мажите и жените. За да го испочитуваме овој меѓународен празник поважно од подароците, треба во нашето секојдневие да дејствуваме против родова стереотипизација и да се трудиме да ги овозможиме услови за еднакви можности за сите граѓани, без разлика на полот. 8 март е ден кога одбележуваме борба која непрекинато ќе трае се до целосната родова еднаквост – ни одговори Бошњаковски на прашањата.

Редакциски коментар:

Oвој одговор повеќе наликува на писмена работа за основно училиште, отколку на кореспонденција со новинари. Ние во најмала рака очекувавме дека Бошњаковски ќе ни даде одговор како владата и премиерот ќе најдат решение за тоа што во владиниот состав има отстапено место на само четири жени од СДСМ, и една жена од редовите на албанските коалициони партии. Покрај тоа, простор на жените не им беше даден ни на локалните избори. Само пет градиначалнички се од редовите на СДСМ која ги освои најголем дел од општините.

Заев со само четири министерки и пет градоначалнички порачува: Направете место за жената во општеството!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top