| четврток, 6 декември 2018 |

Добитникот на четири оскари „Обликот на водата“ од утре во кината низ Македонија

Добитникот на четири награди Оскар – филмот „Обликот на водата“ на режисерот Гилермо Дел Торо од утре ќе се прикажува на редовен репертоар во кината низ Македонија.

Беше номиниран во 13 категории, а Оскар освои во четири – за најдобар филм, најдобра режија, најдобра сценографија и најдобра музика.

„Обликот на водата“ е приказна од времето на Студената војна во САД, во 1962 година. Во тајна владина лабораторија во која работи, Елиза има осамен живот, Но тој целосно ќе се промени кога со нејзината колешка Зелда ќе откријат таен експеримент во лабораторијата.

Три години биле потребни да го дизајнираат и придвижат ликот-суштество во филмот, за кои се потрошени стотици илјади долари. Изработено е од глина од тројца вајари и неколкупати е комплетно пребојуван. – Постои момент во филмот каде што не гледате суштество туку неговиот карактер, изјави режисерот.

Покрај Сели Хокинс во главните улоги се и Октавија Спенсер, Мајкл Шенон и Ричард Џенкинс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top