| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Порто го исвиркаа едноминутното молчење во чест на Астори

И покрај тоа што вечерва испаднаа две екипи од Лигата на шампионите, најголемите лузери на вечерта се навивачите на Порто.

И покрај убедливиот пораз од 5-0 на првиот дуел, вечерва во Англија допатуваат околу 2.000 симпатизери на Порто што е секако за пофалба, но она што го направија на почетокот на дуелот против Ливерпул го расипа впечатокот.

Имено, УЕФА одлучи натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа да започнат со едноминутно молчење во чест на прерано починатиот капитен на Фиорентина Давиде Астори.

Така и беше вечерва на „Енфилд“, арно ама од делот каде што беше сместени симпатизерите на Порто се слушаа силни свирежи. Јавноста се надева дека станува збор за индивидуални испади на лица за да е најдат во центарот на вниманието, но факт е дека навивачите на Порто како група, во целост потфрлија.

Извор: Спорт1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top