
Поранешната пратеничка Солза Грчева во вечерашното гостување на телевизија 24 побара прекин на преговорите за името.
-Држава која ја напаѓаат пајаци, не може да ја оправи НАТО. Дека евроинтеграциите не се единствена опција се земјите кои не се членки. Со уценувачи не се преговара. Прекин на преговорите веднаш. Ниту една земја не си го променила името за да влезе во ЕУ и НАТО, рече Грчева.
Претходно, истото го побара и Арна Шијак од протестите во Скопје.
„Да престанете со пропагандата дека постои национален консензус дека преговорите се водат само за името на државата”, рече актерката Арна Шијак на протестот за името во Скопје.
„Овде станува збор за македонскиот идентитет. Нашиот овде и оној на Макеоднците, не само што се малцинство во Р. Грција, туку и во другите соседни земји”, додаде Шијак.
„Бараме да ги прекинете преговорите со Метрју Нимиц и да се обратите до Генералното собраниет на ООН, како единствена меѓународна инстанца, во која Р. Македонија не е Давид наспроти моќниот Голијат”, рече актерката Шијак.
Итен прекин на преговорите за името, повлекување на законот за употреба на јазиците и на договорот со Бргарија, како и амнестија за притворените за настаните од 27 април побараа илјадниците учесници на протестот за одбрана на името, нацијата и идентитетот.
Тоциновски: Кој ве овласти да преговарате за името и идентитетот?! (видео)
Протестниот марш што беше предводен од владиците Петар и Агатангел, Тодор Петров, Сотир Костов и Виолета Ачковска, почна пред седиштето на Европската комисија во Скопје, а заврши пред Собранието. Доколку Владата не ги прифати барањата, бараат самораспуштање на Собранието и одржување на вонредни парламентарни избори.
Претходно, околу 200 македонски интелектуалци упатија драматичен апел до политичките лидери за иднината на македонската нација. Експерти од различни области од Македонија и во светот објавуваат отворено писмо во кое од политчките лидери се бара да ја употребат мислата на големиот Крсте Петков Мисирков, кога одлучуваат за преговорите за името и за опасноста Македонија да го загуби својот идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


