| четврток, 6 декември 2018 |

Не очекува тмурна среда

Претежно облачно време, со сончеви периоди кои ќе бидат релативно кратки, нè очекува и во текот на среда. Во однос на врнежите тие ќе бидат застапени во западниот регион. Рано наутро дожд очекуваме во југозападнииот крај, но и во делови и од североистокот. Потоа нови, сосема слаби врнежи ќе има во планинскиот регион во северозападниот крај. Истите ќе бидат повремени, на серии во текот на целиот ден.

Утрото ќе биде релативно топло, со минимална температура која насекаде ќе има позитивна вредност, односно помеѓу 4°С и 7°С.

Ќе дува умерен, а на повисокие места локално силен југозападен ветер.

Максималната вредност ќе биде прилично висока, но сепак пониска во однос на неделната. Во котлините од северниот и западниот регион температурата ќе има максимум помеѓу 14°С и 16°С, а во гевгелиско – дојранскиот крај околу 18°С.

Скопската котлина очекува облачно време со повремени сончеви периоди.

Извор: Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top