| четврток, 6 декември 2018 |

Втор ден протести во Бугарија – поддршка за докторот кој уби крадец

Веќе втор ден низ Бугарија се одржуваат протести во знак на поддршка на докторот кој во својот дом застрела крадец. На денешните протести за поддршка на докторот Иван Димитров, кој уби крадец Ром додека ја ограбувал неговата куќа, граѓаните побараа измени во Кривичниот законик. Бараат да се воведе oслободување доколку се работи за нужна самоодбрана. Повикаа да бидат затворени крадците, а не чесните граѓани кои си го бранат својот дом.
Со пароли „Мојот дом е моја тврдина“, демонстрантите ги повикаа пратениците да ги сменат законите, а докторот веднаш да биде пуштен од притвор.

Сопругата на убиениот крадец од Пловдив вели дека не се плаши за својата безбедност и оти секој што ќе проба да ја нападне, ќе го застрела во нога.

Докторот денеска беше пуштен во домашен притвор, а Обвинителството го товари за убиство при неизбежна одбрана, како и незаконско поседување оружје.

Во негова одбрана излегоа и членовите на Лекарската и на Стоматолошката комора.

Докторот Димитров во неделата ноќта околу 3 часот го убил крадецот, кој со уште двајца го ограбувал неговиот дом, додека неговата сопруга и двете малолетни деца спиеле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top