Владата на денешната седница го формира Советот за следење на имплементацијата на стратегијата во правосудството 2017-2022, со кој, како што беше најавено, ќе претседава премиерот Зоран Заев.
На седницата беше утврден и составот на Советот. Во него ќе членуваат министерот за правда Биљен Салији, неговиот заменик Оливер Ристовски, јавниот обинител Љубомир Јовевски, претставник од Врховен Суд, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по еден претставник од апелационите судови во Гостивар, Битола, Штип и во Скопје, како и по еден претставник од основните судови Скопје 1 и 2.
Членови на овој совет ќе бидат и народниот правобранител Иџет Мемети, како и Џемали Саити, претседателот на Здружението на судиите, а свои претставници ќе имаат и Адвокатската комора, како и групата на граѓански организации за правосудство „Блу принт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


