Спортистот Дарко Арсов и освојувач на златен медал во пливање на Специјалната олимпијада во 2011 година денеска по долгогодишно боледување почина на 37 годишна возраст.
Дарко чекаше да биде најден донор за трансплатација на црн дроб, но не дочека тоа да се случи.
-Со огромна тага и жалење ја споделуваме веста за смртта на нашиот атлет Дарко Арсов. По долгогодишно боледување, златното момче ја изгуби битката. Дарко Арсов ќе го паметиме по неговиот ведар дух, хуморот кој во себе го носеше и златниот медал во пливање на 50 метри од олимписките игри во Атина 2011 година.
Искрено сочувство до семејството, напишаа од Специјалната олимпијада на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст