| четврток, 6 декември 2018 |

Благица Павловска во сочен бакнеж со саканиот

Нашата фолк-ѕвезда Благица Павловска го пронајде внатрешниот мир по кој трагаше неколку години наназад. Таа ја пронајде љубовта на својот живот и не се воздржува на своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи да им покаже колку е среќна. Имено, пејачката и нејзиниот сакан постојано се како што вели таа на „љубовен пат“, често патуваат и уживаат во љубовта.

Среќна сум што го најдов својот мир покрај човекот на мојот живот – мојата сродна душа. Едно е многу важно во животот, кога човек ќе ги надмине оние физички побуди од страст кои немаат значење и не ти го полнат срцето. По последниот бродолом кој ми се случи на приватен план, решив да направам пауза и да се посветам на самата себе, да си ја смирам душата и едноставно да се излечам. И тогаш, најспонтано се заљубив, во човекот кој во моментов седи со мене и ми го храни срцето. Ова не е една од тие љубови кои брзо се палат и гаснат. Во оваа врска имам силна духовна поврзаност, љубов и почит, а тоа е најважно”, не пропушта да каже фолк-пејачката Благица Павловска за својата љубов Тале.

Извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top