Синот на советничката во Советот на Општина Центар Билјана Чурилова од СДСМ, Георгиј Чурилов е нов раководител на секторот за јавни набавки во Општината. САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека градоначалникот Саша Богдановиќ и советничката Чурилова за ова велат дека во случајот нема конфликт на интереси.
Градоначалникот Саша Богдановиќ денеска го назначи Чурилов да ги води јавните набавки откако Советот го изгласа неговото преземање како вработен од ЈП „Паркинзи Општина Центар“. Синот на советничката досега работел како раководител на сектор општи, правни и човечки ресурси во општинското претпријатие.
Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека нема конфликт не интереси со вработување на синот на советничката во секторот за јавни набавки.
Истото го смета и советничката Чурилова само кусо ни изјави дека нема никаков конфликт на интересира што нејзиниот син е нов шеф на јавни набавки во Општината и не сакаше да даде дополнителен коментар.
Чурилова која беше советник и во минатиот состав, денеска се иззема од гласање по одлуката за преземање на нејзиниот син од општинското претпријатие за паркирање во Општина Центар како шеф на јавни набавки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


