| четврток, 6 декември 2018 |

На Заев ќе му се суди – Снимката во која бара поткуп е прифатена од судот како доказ

Кривичниот суд ја прифати како доказ снимката објавена на Јутјуб во случајот „Поткуп“ каде е обвинет премиерот Зоран Заев за мито. Судечкиот совет го одби барањето на одбраната да бидат отфрлени посебни истражни-мерки, односно да бидат издвоени од постапката. За судот, снимката е законски прибавена и може да се користи како доказ против Заев.

Обвинителството остана на квалификација на делото, во обвинението кое беше прочитано на денешното рочиште, Заев се товари дека во време кога бил градоначалник на Струмица, од локален бизнисмен побарал поткуп од 163.924 евра за легализација на земјиште. Како што наведе обвинителката, 1 евро, барал за себе, а 1 евро како донација за изградба на црква во Струмица.

За одбраната и премиерот, обвинението против него е конструкција, која била создадена од претходната власт во време кога Заев бил лидер на опозицијата со цел да се спречи неговото политичко дејствување тогаш. И одбраната и Заев тврдат дека со целосното објавување на снимката, ќе се докажело дека разговорот во Кабинетот на струмичкиот градоначалник бил во врска за донација на пари за црква, за што и семејството Заеви донирале 50 илјади евра.

Од снимката која беше објавена на „Јутјуб“ се гледа и слуша како Заев бара мито за легализација на градежно земјиште, што како општина и градоначалник во тоа време бил должен согласно закон да го направи. Скандалозно е и што од снимката слушаме како Заев вели дека давањето мито за легализација е пракса, која сите ја правеле. Овде дополнително се отвара нов сомнеж, за кој ОЈО нема отворено истрага, а тоа е колку бизнисмени платиле мито кај Заев за легализација на земјиштето.

Веќе повеќе од 2 години по разни основи се одложуваат рочиштата за „Поткуп“, а Заев со најбанални изговори ги одложуваше рочиштата, додека судот безпоговорно аминува се што доаѓа од страна на Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top