Маж што вербално нападнал полицајка стана првиот граѓанин на Белгија осуден за сексизам на јавно место, објави „Гардијан“. Судот во Брисел му одреди глоба од 3.000 евра, а ако не ја плати, му се заканува еден месец затворска казна.
Законот против сексизам на јавно место во Белгија стапи во сила во 2014 година по бурните реакции во јавноста кога еден документарен филм ја прикажа вербалната тортура што жените секојдневно ја трпат на јавни места.
Според законот, за прекршок се смета секоја забелешка или акција што има намера да изрази омаловажување, да сугерира дека некој е инфериорен поради неговиот пол или е дизајнирана да сведе некого на неговата или нејзината сексуална димензија.
Осудениот маж во 2016 година бил запрен од полицијата поради сообраќаен прекршок. За време на апсењето тој ја навредил полицајката врз основа на нејзиниот пол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст