| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Да им купиме возила на пратениците за да ги намалиме патните трошоци

Патните трошоци на пратениците кои се пресметуваат според постојните закони претставуваат голема сума за граѓаните. Преку дебата треба да се најде прифателиво решение и за граѓаните и за пратениците.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање дали денеска пред пратениците ќе се најде некаков предлог за измени на овие закони.

-Може да им купиме возила на сите пратеници, да им обезбедиме станови во Скопје, може да ги промениме начините на патување преку реорганизација на Деловникот. Пратениците имаат недели за дебата, за гласање и да бидат со своите граѓани, а конечна цел е да го слушнеме гласот на граѓаните кои во овој момент се критички настроени, како и ние кога бевме во опозиција, рече Заев и нагласи дека логично е таквото решение да се донесе по пат на дебата.

a1on.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top