| четврток, 6 декември 2018 |

Вељановски: Од 1982 година немаше ставено ниту една цигла во ниту една културна установа во Македонија

Од изградбата на објектот „Опера и Балет“, кој е завршен во 1982 година во Македонија немаше ставено ниту една цигла во ниту една културна установа истакна Роберт Вељановски во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ.

Гости во утринската емисија на Сител беа Сашо Тасевски, сегашен директор на Драмскиот театар и Роберт Вељановски, ексдиректор на истата институција.

На прашањето кое беше упатено од водителот кон Тасевски, што е тоа што беше добро направено од претходната власт за културата во Македонија, тој само ги издвои покачените плати.

На ова се надоврза Вељановски дека од 1982 година во културата никој нема ставено една цигла се до моментот кога ВМРО-ДПМНЕ изгради и направи реконструкција на културните објекти низ целата Македонија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ многу инвестираше во развој на актуелното творештво и за заштита на културното наследство како и промоција на културата низ Македонија и светот.

Во 2009 година беше изградена Спомен-куќата на Мајка Тереза.

Беше изграден е музејот Спомен-куќа на Тодор Проески во Крушево, кој воедно доби прво место на меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона.

Во 2009 беше изграден „Музеј на вода“ кај Градиште на Охридското езеро во ештани.

По цели 30 години, објектот на Националната установа Македонска опера и балет беше целосно реконструиран.

На 7 декември 2013 година беше отворен новиот објект на Македонскиот народен театар.

Беше направена целосна реконструкција на страницата на Камениот мост.


Осветлување на југозападниот бедем на кулите на Скопската тврдина.

По точно 35 години од постоењето, во 2009 година беа изградени нови депоа во Кинотеката на Македонија.
За прв пат од вселувањето во зградата во 1972 година, во 2008 година беше извршена целосна реконструкција на инфраструктурата на објектот во кој работи единствениот професионален ансамбл во Македонија „Танец“.
Беше отворен и нов регионален ценар на УНЕСКО за дигитализација на културното наследство.

Во времето на владата на ВМР –ДПМНЕ беше изграден Музеј на македонската борба за државност и самостојност.

Во 2012 година беше изграден и нов објект „Порта Македонија“ кој е симбол на македонските победи во културата, уметноста и спортот.

По цели 30 години, беше промовиран Археолошкиот музеј во Скопје.

Беа изградени 20 унифицирани репрезентативни мали монтажни објекти за културна и туристичка понуда на Република Македонија.

По децениската пауза беше направена целосна адаптација и санација на галерскиот простор во Музејот на современата уметност.

Беше поставена и нова покривна конструкција на Музејот на Македонија.

Формирана нова „Библиотека за слепи лица“.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ направен превод на македонски јазик на дела од албанска и од турска книжевност во Македонија застапени во проектот „135 тоmа македонска книжевност“ . Целосно беше реализиран проектот Превод на литературни дела на добитници на Нобеловата награда за литература.
Ова се само мал дел од многуте културни објекти кои беа направени и реконструирани од ВМРО-ДПМНЕ низ цела Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top