Полицајката која учествуваше во инцидентот со функционерот на ДУИ Бекир Асани денеска во Јавното обвинителство давала исказ за настанот што се случи минатата недела.
Полициската службеничка Јасмина Јаначковска во вторникот се појави во основното јавно обвинителство Скопје. Основното јавно обвинителство вчера соопшти дека повело постапка за инцидентот и потврид дека на разговор била повикана службеничката, а надлежен обвинтиел постапува по предметот.
Пoлицајката која му повика пајак на Асани по инцидентот се сретна со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и изјави дека функционерот на ДУИ ја нападнал само вербално, а не и физички. Рече дека самата се повредила кога при повлекување се удрила од пајак возилото.
Меѓитоа, јавноста не е многу убедена во оваа верзија на инцидентот и се зголеми притисокот да се објавата видео снимки од надзорните камери од инцидентот, но од Министерството за внатрешни работи соопштија дека немаат законские основ да го сторат тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст