Џејмс Кер-Линдзи, професор по политички науки на Универзитет „Сент Мери“ од Твикенам, Велика Британија, смета дека преговорите меѓу Македонија и Грција се фокусирани на придавката, а не на името на северниот сосед што го проблематизираат Грците.
-Не станува збор само за името на земјата – станува збор за придавката и станува збор за условите кога се користи името на земјата, изјави Кер-Линдзи за американскиот магазин „Ди Атлантик“.
Според него, Атина аргументира зборот „македонски“ да не се користи за работи поврзани со Република Македонија, туку изведен збор од новото име, на пример „новомакедонски“, треба да се употребува како нивна официјална форма на опишување. Слично на тоа, Скопје може да инсистира на тоа дека на повеќе од 100 земји кои веќе ја признаваат државата како Република Македонија (вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Русија) треба да им биде дозволено да продолжат со тоа.
-Од правна гледна точка… не можете да имате две имиња за една држава. Се разбира, можете да имате стандардно официјално име и колоквијално име. Уште посмешно, Грција е навистина совршен пример за тоа, бидејќи Грција не е официјалното име на земјата. Тоа е Хеленска Република. Но, сите ја викаат Грција, објаснува Кер-Линдзи за магазинот со тираж од половина милион примероци, кое излегува од далечната 1857 година во Бостон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст