ИФИМЕС, словенечката невладина организација која веќе подолго време е во соработка со СДСМ, објави истражување кое покажува дека мнозинство од граѓаните на Република Македонија ги поддржуваат напорите на премиерот Зоран Заев и Владата во однос на решавањето на спорот со Грција во врска со името.
Шеесет и три отсто од испитаниците во анкетата што ја спроведе Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана изразиле поддршка. Единаесет отсто не даваат поддршка, додека 26 отсто се изјасниле дека немаат став.
Истражувањето на јавното мислење е спроведено во периодот од 19 до 28 февруари на примерок од 998 лица.
Повеќето граѓани ја сметат Грција за пријателска земја. На прашањето дали Република Грција ја сметаат за пријателска држава 41 отсто одговориле потврдно, 33 одговориле со „не“, додека 26 проценти немаат став.
Истата организација веќе 2 пати му доделува награди на Заев, кој од нив доби награда за најдобар градоначалник во Европа.
Награда доби и шефицата на СЈО, Катица Јанева.
Тогашното доделување на награда, во февруари годинава, Заев го искористи за да не се појави на рочиштето за судскиот случај „Поткуп“, во кој тој се товари дека како градоначалник на Струмица побарал 500,000 евра мито од струмички бизнисмен.
Заев минатата година се сретна со директорот на организацијата ИФИМЕС, Бечировиќ, а лидерот на СДСМ учествуваше и на неколку дебати организирани од ИФИМЕС. На една таква дебата органзиирана од ИФИМЕС учествуваше и сдсмовскиот идеолог Љубомир Фрчкоски и на истата најавуваше широка коалиција за промена на уставното име. Љубљанската ИФИМЕС важи за водечки лобист и отворен поддржувач на политиката на СДСМ во Словенија.
-Доброупратени извори коментираат дека дел од договорот при оваа купена награда на Заев е ако лидерот на СДСМ ја преземе власта во Македонија, фирмата „Еуроасфалт“ зад која стои потпретседателот на жирито кое ја доделува анградата, да добие силни градежни тендери во Македонија, бидејќи Заев ветува брда и долини кога ќе дојде на власт. Инаку, Бечировиќ е веќе разоткриен од словенечките медиуми, откако неговата ИФИМЕС е обвинета дека била вмешана во коруптивни скандали со градоначалникот на пристанишниот град Kопар, Борис Поповиќ, кој инаку близок пријател на Зоран Заев, пишуваше тогаш Журнал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст