| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец кој се бара за убиство уапсен при обид за влез во БиХ

Службениците на Единицата за гранична полиција Вишеград вчера во БиХ го привеле 43-годишниот Н.Б., државјанин на Република Македонија, поради кривично дело „убиство“, соопшти граничната полиција.

Тој бил задржан при контрола при обид за влез во Босна и Херцеговина на меѓународниот граничен премин „Увац“. Тој денеска ќе биде предаден на надлежните органи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top