| четврток, 6 декември 2018 |

Дете фрли кревет од тераса на висококатница во Битола (видео)

Дете од Битола на возраст од околу осум-девет години од повеќекатница низ балкон фрли стар кревет, а настанот можеше да заврши катастрофално и да има повредени, пренесе Сакамдакажам.

Се појави снимка на социјалните мрежи на кои се гледа како детето буквално го турка креветот од висококатницата. Креветот паѓа на земјата и за среќа никој не повредува. Иако се слуша силен трескот, од станот каде што живее детето не излегува никој.

Според коментарите на битолчани, настанот се случил во зграда во месноста наречена Декорпод.
Од Битолската полиција велат дека деновиве немале пријава за ваков настан, па се сомневаат дека е можно снимката да била направена порано, а објавена сега на Фејсбук, а семејството и е познато на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top