| четврток, 6 декември 2018 |

Дилавер Бојку Леку „ќе го исчисти“ Села од Струга

Градоначалникот на Струга Зијадин Села вчера во струшката полиција пријавил дека добивал закани од Дилавер Бојку Леку, сопственикот на угостителскиот објект „Блу Скај“ што се наоѓа на брегот на реката Дрим.

Се претпоставува дека причина за заканите е  писмото кое Општината деновиве им го испратила на сите сопственици на дивоградби покрај Дрим во кое ги известува да ги отстранат  дивоградбите  на кејот. Леку, кој поседува објект на брегот на езерото, очигледно револтиран поради ова, упатил вербални закани до градоначалникот, каде меѓу другото велел дека „ќе го исчисти од Струга“. Полицијата потврдува дека добиле пријава од струшкиот градоначалник. Тие го повикале Дилавер Бојку во станица и писмено го предупредиле дека сопственикот Дилавер Бојку треба да престане со заканите, а проблемите да ги решава во институциите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top