Судијата Дарко Тодоровски го одби предлогот на одбраната на премиерот Зоран Заев да бидат отфрлени посебните истражни мерки на обвинителството како незаконски.
Снимките од ПИ-мерките се стекнати легално, на законски начин, одлучи советот на Основниот суд Скопје 1 на чело со Тодоровски.
Судењето за предметот „Поткуп“ конечно почна, обвинетиот Заев треба и официјално да се изјасни за вина. Тој од Обвинителството за организиран криминал и корупција е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од 163.924 евра од бизнисменот од Струмица Иван Николов за купување градежно земјиште.
Апелациониот суд Скопје во декември, постапувајќи по жалба на одбраната, го укина решението на судијката од Основниот суд Скопје 1 Дијана Груевска Илиевска, која претходно го водеше предметот „Поткуп“ против обвинетиот Заев, да го одбие предлогот на неговите адвокати да ги издвои доказите прибавени со посебни истражни мерки. Станува збор за снимката со струмичкиот бизнисмен, која беше објавена на Јутјуб и на неколку национални телевизии. Предметот беше вратен на повторно постапување во Основниот суд Скопје 1 кај новиот судија во предметот Дарко Тодоровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст