На локалната магистрала Кичево – Осломеј, во близина на селото Осломеј, има свлечиште на патот и сообраќајот се одвива во една коловозна лента.
Информирани се РЕК „Осломеј“ како надлежни за одржување на овој патен правец и во текот на денот се очекува да преземат мерки за да се оспособи во целост овој патен правец.
По обилните врнежи од дожд и наглото топење на снегот, по навремено преземените мерки од надлежните општински служби немаше поплави во големи размери во Кичево.
– Проблеми со поплавите нема, бидејќи навремено се реагираше на Зајашка река со вреќи наполнети со песок и земја, што придонесе да имаме само мал дел на куќи поплавени со сосема мала штета, изјави командантот на општинскиот кризен штаб Рамиз Реџепи.
Што се однесува до патниот правец кон Крушино, како што истакна Реџепи, тој веќе од страна на „Гранит“ е времено поправен и прооден, но сообраќајот поради големото оштетување се одвива со тешкотии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст