| четврток, 6 декември 2018 |

Заев дојде на судење за „Поткуп“, но не и сведокот Николов

Во Кривичниот суд денеска почна рочиштето за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев.

Во судницата е присутен Заев, но е дојден сведокот Иван Николов, за кого, како што беше речено на рочиштето немало доказ за уредна достава на поканата.

Одбраната побара да се утврди дали имало наредба за тајно снимање и потоа да се премине на главната расправа. Адвокатите притоа се повикаа на пресуди од Судот за човекови права.

Минатото рочиште беше одложено по барање на одбраната, а претходното, пак, на барање на јавниот обвинител, кој го известил новиот судија во предметот, Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на рочиштето.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top