| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски поети ќе настапат на фестивалот „Сараевска зима“

Поетите Славица Гаџова Свидерска и Михајло Свидерски со своја поетска вечер ќе настапат во рамките на Меѓународниот Фестивал Сараевска Зима којшто традиционално се одржува во Сараево по 34-ти пат.

Организаторите на настанот, по повод нивното читање организираат Поетска вечер во Историскиот Музеј на Бих, за што беа подготвени и џебни изданија со нивната поезија, наменети за публиката.

Славица Гаџова Свидерска е авторка на четири поетски книги, две научни студии и една книга од областа на есеистиката. Добитничка е на наградите „Енхалон“ и „Караманов“. Главен уредник е на издавачката куќа „Восток“.

Михајло Свидерски е автор на три збирки поезија и на романот „Бело и Црвено“ за која ја добива наградата „Новите“ во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top