| четврток, 6 декември 2018 |

Продавачите на „Лице в лице“ избркани од кафуле во центарот на Скопје

Продавачи на уличното списание „Лице в лице“ вчера биле избркани од кафуле во центарот на Скопје.

„Забранет влез за пци, разни гадинки…и колпортери (Роми и други маргинализирани и загрозени групи) на „Лице в лице“, сосе мене заедно со нив (а, не е чудо и за други „различни“ што не им се по кејф и по терк)“ напиша писателката Јагода Михајлова -Георгиевска откако не биле пуштени да влезат со колпортерот на спиаснието ,,Лице в лице“ во рамки на континуирана акција за продажба на списанието со поддршка на познати личности. Парите се користат за маргинализирани групи жители на РМ.

Немилиот настан се случил вчера во кафулето „Боката“ на плоштадот „Македонија“.

„Списанието „Лице в лице“ го продаваат припадници на загрозените, маргинализирани групи. Еден примерок чини 100 денари, а една половина од оваа сума е заработка за продавачот.

„Продавачите на „Лицевлице, изминативе шест години се наjдоа пред огромни предизвици, но, тие не се откажаa. Овие луѓе одлучиле дека сакаат да си го променат животот кон подобро и тие се на пат да го сторат тоа.

Секој од нас одбира дали ќе ги поттикне, или, можеби, игнорира.

За среќа, сведоци сме на исклучителни потфати на наши сограѓани кои во целост ја разбираат инклузивната мисија и целта на уличниот печат, и тоа нè охрабрува дека не смееме да застанеме на попатните пречки, кои во моментот изгледаат несовладливи. Таквите примери, со радост ги споделуваме и посочуваме.

За жал, постојат и примери, пред кои, исто така, не треба да се замижи – за да не дозволиме таквите случаи да ја наметнат свеста која е далеку од позитивни општествени промени.

Една таква непријатна случка имавме во петокот, во кафе барот Caffe Bocata, каде продавачите на „Лице в лице“, заедно со писателката, Јагода Михајловска-Георгиева, сакаа да го претстават најновиот број. Немаме никаков проблем со тоа да прифатиме правила на одредено кафуле, но, имаме проблем со дрскиот и вулгарен однос, што беше одлика нa дел од тамошниот „тим“ кој нè пречека.

Силно веруваме дека во иднина, ќе расте бројот на кафулиња, ресторани и места кои ќе ја препознаваат улогата на „Лице в лице“ во економското и социјално зајакнување на ранливите сограѓани, и дека целосно ќе бидат отворени за поддршка на она што тие го работат“ велат од „Лице в лице“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top