Се подготвува нов протест за заштита на името Македонија пред зградата на парламентот во Атина, како и 48-часовен генерален штрајк во случај евентуалниот договор да биде доставен на разгледување во локалното собрание.
Еден од организаторите, Отон Јаковидис, ги открил плановите за протестите пред грчката телевизија „Скај“, кои ќе бидат реализирани доколку, како што тој вели, владата не ги послуша барањата искажани на двата протеста и не го земе предвид јавното мислење.
„Ако прашањето пристигне во парламентот и не биде распишан референдум, ќе објавиме 48-часовен генерален штрајк, кој ќе трае додека не бидат исполнети нашите барања, односно барањата на луѓето. Истовремено, ќе го повикаме грчкиот народ да излезе на ’Синтагма’ и да го опколи парламентот за да ги заштитиме и демократијата и Македонија“, изјави Јаковидис пред телевизијата „Скај“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст