| четврток, 6 декември 2018 |

Никогаш не сум рекол дека македонската нација е измислена и создадена во 1943 година

Координаторот на работната група за ревизија на проектот „Скопје 2014“, Мирослав Грчев вечерва гостуваше наТВ дуел во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, каде рече дека тој никогаш не рекол дека македонската нација и јазик се измислени и создадени во 1943 година.

-Ова не е цитат, ова е злоупотреба. Јас кажав дека во рамките на југословенскиот државен проект е созадена македонската држава во која се еманципирани нацијата, јазикот и идентитетот, рече Грчев.

Бидејќи не се сеќава, Република има чест да го потсети.

Мирослав Грчев: Македонската држава, нација, јазик и култура се измислени (Видео)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top