| четврток, 6 декември 2018 |

Грчев со половина уста: Ќе препорачаме отстранување на трите албански споменици од „Скопје 2014“

Координаторот на работната група за ревизија на проектот „Скопје 2014“, Мирослав Грчев во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека тие имаат ист однос кон сите споменици, без разлика дали се македонски или албански.

-Околу плоштадот во рамки на Скопје 2014 има три албански споменици. Сите три се поставени од општината, а не од Собранието кое единствено има надлежност да поставува споменици. Ви гарантирам дека за тие споменици препораката ќе биде да се отстранат, а местото да се врати во првобитна состојба, рече Грчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top