| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Михајловски за навредите кон дијаспората: Што ти е тебе проблем, во тој случај? Ти пречат различности?

По баражот навреди и повици „да се убијат“ луѓето од дијаспората кои вчера масовно излегоа на протести во одбрана на националното достоинство, идентитетот и името на Р.Македонија, Тони Михајловски на својот ФБ профил повика навредите да престанат, и да престане плукањето по луѓето кои мислат поразлично од оние кои ја поддржуваат актуелната власт

-Еве, ти мислиш дека се е во ред, дека никој не не распродава, дека не не поништува, дека има слобода и дека за се се прашува народот преку дебати, мислиш дека дошол животот, и си седиш дома. Но, ете има некој што мисли и прави обратно од тебе. Што ти е тебе проблем, во тој случај? Ти пречат различности? – прашува Михајловски на својот ФБ профил.

Актерот објаснува дека голем дел од Македонската борба за опстојување е токму македонската дијаспора. Истата, според него е доказ за теророт врз Македонецот во минатотот, за тивкиот геноцид „со куфер и карта во еден правец“.

-Непотребно е да се објаснува колкав голем дел, од македонската борба за опстојување е токму македонската дијаспора. Има доволно историски записи како таа дејствувала, и тоа е континуитет кој трае до ден денес. Таа воедно е и доказ за теророт од секаков вид врз Македонецот во минатото. И за “тивкиот геноцид” со куфер и карта во еден правец. Заради тоа и не натераа да се откажеме од нив. За да нема доказ. И, ти си се откажал. Така рекла и наредила владата. Во ред. Јас, не се откажувам кој што сака нека рече и нареди. И не сум единствен.
Па затоа можеби најчовечки би било, без навреди и омаловажувања, да ги оставиш нив и сличните, што не сме се откажале едни од други, да ја искажеме својата љубов кон Македонија. Нека не те тревожи до толку таа манифестација на припадност и нзс. Нема да кршиме, да фрламе кондоми и да колнеме. Не јадеме живи луѓе. Луѓе сме.
Еве, ти мислиш дека се е во ред, дека никој не не распродава, дека не не поништува, дека има слобода и дека за се се прашува народот преку дебати, мислиш дека дошол животот, и си седиш дома. Но, ете има некој што мисли и прави обратно од тебе. Што ти е тебе проблем, во тој случај? Ти пречат различности?
Што ти пречи што се собрале Македонци од целиот свет, за да кажат дека се Македонци и дека не се сложуваат со никаква промена на име, идентитет, јазик? Те повредува до толку нивната љубов кон Македонија, или мислиш дека твојата е поголема? Па зошто тогаш толку жолчка и пцости пријателе, ако се работи за љубов?
И да се разбереме дијаспората, не се само моите и твоите “добри” роднини,кои отишле и заборавиле кои се и од каде се. Немој , те молам, спрема нивните “раскошни” подароци, за кои само ти мислиш дека се должни да ти ги даваат додека ти на 35 год живееш у детска одма до спалната на мама и тате, да ги цениш другите. Има таму и прогонети, внуци на прогонети заради тоа што се Македонци, има такви кои сакале да заминат и кои морале. Има таму луѓе на кои ти не си им ни до глуждот. Предаваат на најдобрите универзитети, менаџираат огромни и успешни компании, уметници, лекари, родители и работници. И се гордеат што се Македонци, за разлика од некои разочарани што ете, несреќно се родени како такви и венеат овде во оваа “бара држава”, заедно со безбројните таленти кои ги поседуваат. И плукаат по се.
п.с. …секакви не има. На пример некој мисли дека подобро би свирел клавир од С. Трпчевски ама неговите се криви, пошто не му купиле клавир кога бил мал, или барем хармоника. Некој мисли дека е најубав, најпаметен и дека колачите на дрво растат. Јас си мислам, дека у Холивуд подобро ќе бев платен како статиста, ама не ми се иде. Некој не дава другите да мислат- – напиша Тони Михајловски на својот ФБ профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top