| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини за Балканот: Време е да се залечат старите рани

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини порача дека Западен Балкан географски е дел од Европа, но и дека колективно може да стане дел од Европската Унија.

– Време е да се залечат раните од минатото и да се преземат нови чекори за да се гарантира стабилноста во регионот и цела Европа, напиша Могерини на својот личен блог.

Таа истакна дека сите шест балкански партнери на ЕУ имаат единствена можност „да стават крај на поделбите во Европа и да го обединат континентот“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top