| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов не успеа да го ослободи Белград

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов откако беше избран за градоначалник на главниот град повеќе време поминува надвор од Македонија наместо да ги слушне и решава проблемите на жителите. Колку за илустрација од 100 дена откако седна во градската фотеља, 25 дена Шилегов шеташе во Љубљана, Тирана, беше на ракомет во Загреб со парите на скопјани.

Во февруари дестинација му беше Белград. Тој беше дел од митинзите на Демокартската партија, сестринска партија на СДСМ. На почетокот на февруари имаше обраќање на првата конвенција за изборите за Град Белград на коалицијата „Да го ослободиме Белград“ предводена од Демократската партија од Србија.

Шилегов му даде поддршка на нивниот кандидат за градоначалник на Град Белград, Драган Шутановац. Изборите се одржаа вчера и Демократската партија со коалицијата освои 2,4 проценти од гласовите, односно не го помина ниту цензусот.

Кога ја започнавме нашата битка, многумина не веруваа дека ќе успееме. Но, со упорност, со добри кампањи, со посветена работа, пред една година успеавме да ја ослободиме Македонија, а пред неколку месеци да го ослободиме и Скопје. Одевме од врата до врата, од човек до човек и во исклучително тешки услови ја промовиравме нашата програма и успеавме да донесеме живот за сите во Скопје, живот за сите во Македонија, рече Шилегов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top