| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ повторно го потценува народот, бараа Груевски да влијае врз обвинителството и судството! Сега мислат граѓаните заборавиле

Зоран Заев во мај 2015 година очигледно не е истиот Заев од март 2018 година. Тој или не знае што зборел или заборавил.

По средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Заев синоќа излезе и рече: „Немам намера никако да вршам притисок и влијание врз правосудството, тоа е недозволиво, законот важи за сите. Но, ќе кажам дека притворот не смее да биде казна. Сепак, тоа е обврска и право на обвинителството и судовите во Македонија“.

Но, Заев ова го бараше во 2015 година од тогашниот премиер Никола Груевски. Го повикуваше тогашниот Груевски да ги ослободи сите невини луѓе од притвор.

-Груевски, држиш невини луѓе и студенти во притвор, кои излегле да го искористат своето право на протест. Ги повикуваш сите етнички заедници на контрапротест против опозицијата. Ти си креатор на кризите во Македонија. Работиш на тајни сценарија за разнебитување на Македонија, му порача тогаш Заев на Груевски и побара од него да ги ослободи сите невини луѓе од притвор.

Но, Заев тогаш не кажа за кои невини луѓе мисли, бидејќи во тој период немаше ниту слична ситуација како оваа која ја направи СДСМ, во притвор да биде повеќе од десет проценти од пратеничка група на најголемата опозцициска партија.

По средбата Заев рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски му ги соопштил ставовите за притворот на опозициските пратеници за 27 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top