| четврток, 6 декември 2018 |

Почна сослушувањето на еден од најблиските соработници на папата, обвинет за педофилија

Одбраната на третиот човек на Ватикан, австралискиот кардинал Џорџ Пел, денес ја обвини полицијата за запоставување на сведочења во негова корист, на првиот ден од прелиминарното рочиште на кое треба да се одлучи дали може да му за суди за стари сексуални злоставувања. Кардиналот Пел (76), еден од најблиските советници на папата Франциско, категорично ги одбива ваквите обвинувања. Тој зел и отсуство за да може да се брани. Наводните настани се случиле многу одамна. Нивната вистинска природа не е откриена, познато е само дека станува збор за „бројни обвинувања“.

Кардиналот по скалите на судот во Мелбурн се качувал придружуван од десетици полицајци, бидејќи пред судот го пречекале неколку демонстранти. Сепак, меѓу присутните имало и негови поддржувачи.

За време на сослушувањето кое би требало да трае околу четири недели, се очекува да бидат сослушани 50 сведоци. Судот потоа ќе одлучи дали досието е доволно издржано за да поведе процес против кардиналот. Кардиналот Пел за сексуална злоупотреба беше обвинет во јуни 2017 година. Инаку, денешното рочиште беше отворено за медиумите околу половина час и потоа беше прекинато. Расправата продолжи зад затворени врати.

Адвокатот на кардиналот Пел, Роберт Рихтер, кажа дека одбраната обезбедила бројни сведоштва во полза на кардиналот кои полицијата требало да ги испита. „Полицијата сепак не го стори тоа“, обвини Рихтер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top