| четврток, 6 декември 2018 |

Приведен двајца косовски граѓани, со туѓи пасоши сакале да поминат граница

На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид полицијата привела двајца косовски граѓани кои се обиделе со туѓи пасоши на македонски државјани да ја поминат граничната контрола.

– На 4 март година во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин – Аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело „послуга со туѓа патна исправа“ ги привеле лицата Б.А. (34) и Е.Р. (35), двајцата од Косово. Тие приложиле македонски патни исправи со податоци за лицата С.Д. (29) од Крушопек, општина Сарај и Р.М. (46) од Сингелиќ, скопско, информира МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top