| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕијас го осуди палењето на слика од Заев: Не го понижувајте мојот пријател

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во изјава за медиумите доцна синоќа го осуди палењето на фотографија од Заев, на протестот на иницијативата „Ние сме Македонија“ кој се одржа во Австралија.

-Грција остро реагира на ваквиот дрзок и варварски чин. Господинот Заев е мој голем пријател и пријател на Грција и ние не може да прифатиме скопјаните вака да го понижуваат. Јас уште синоќа пратив телеграма до властите од Австралија од кои побарав да ги пронајдат скопјаните кои го направиле ова и веднаш да ги уапсат. Грција долго време чекаше човек како Заев да дојде на власт во Скопје и нема да дозволиме со него да се однесуваат вака – рече Коѕијас.

Коѕијас дополнително додаде дека грчкото МНР чувствува да реагира за палењето затоа што Заев поседувал имот во Грција.

-Фамилијата на господинот Заев поседува прекрасна куќа на Халкидики. Ние на оние кои поседуваат имот на наша територија гледаме како на наши државјани, токму затоа мора да го осудиме овој чин. На следната средба планирам и да му понудам на господинот Заев доколку е потребно да му обезбедам двојно државјанство, за доколку скопјаните сакаат да му наштетат да дојде во нашата земја – изјави Коѕијас.

 

Луди Чифут

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top