| четврток, 6 декември 2018 |

И нашиот Пандев се прости од Астори: Почивај во мир Давиде

Фудбалскиот свет денес е завиен во црно по ненадејната смрт на капитенот на Фиорентина и член на репрезентацијата на Италија, Давиде Астори.

Поради трагедијата, денес сите натпревари во Серија А беа одложени, вклучувајќи ја и средбата помеѓу Џенова и Каљари која беше прва на програмата од 12:30 часот.

Голем дел од фудбалерите, клубовите и останатите спортски работници шокирани од смрта на Астори, се простуваат со последен поздрав и сочуство до семејството на фудбалерот, а меѓу нив е и нашиот Горан Пандев.

Капитенот на нашата репрезентација и член на Џенова, преку „Инстаграм“ сподели фотографија од Давиде и напиша „РИП“ (Почивај во мир).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top