Европскиот шампион Вардар одигра нерешено 31-31 (16-16) против Висла Плок во последниот натпревар од групната фаза во ракометната Лига на шампиони. За „црвено-црните“ ова беа првите загубени бодови на домашен терен сезонава.
Избраниците на Раул Гонзалез одново имаа проблем со играта во одбраната, имаа шанса за победа во самиот финиш преку Стојанче Стоилов, кој на 10 секунди пред крајот на средбата имаше зицер, но сепак се радуваат поради директниот пласман во четвртфиналето.
Висла Плок, која пред овој меч се уште беше во игра за пласман во следната фаза, пружи сериозен отпор и водеше во поголем дел од мечот, а на крај успеа да се избори за реми, но не и за пласман во Топ 16 во ЛШ. Вардар ја заврши групната фаза со 9 победи, 3 ремија и 2 порази и заврши пред Нант, Барселона, Рајн Некар, ПИК Сегед и Кристијанштад кои одат понатаму.
Лука Циндриќ беше најпрецизен со седум гола, Игор Карачиќ додаде шест, а одличен кај Полјаците беше Португалецот Дуарте со 10 од 11.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст