| четврток, 6 декември 2018 |

Палењето фотографии е антидемократски чин

Палењето фотографии од политички лидери е напад врз демократијата, но тоа нема да ја спречи Македонија да чекори напред кон НАТО и ЕУ – реафгираат од СДСМ на денешното палење на фотоградија од нивниот лидер Зоран Заев на протестите во Австралија.

Според нив палењето фотографии од политички лидери не е чин на напад врз личност, туку напад врз демократијата и демократските вредности, но, како што додаваат, граѓаните не дозволувале омразата и гневот на поединци да и наштетат на државата и нејзините интереси.

Запалена слика од Заев на протестот во Австралија (видео)

Знамето беше запалено на протестот поради незадоволство од политиката која ја води Заев во однос на преговорите со Грција за долгогодишниот спор за името. Од неговата партија пак влеат:

Палењето фотографии е антидемократски чин, но тоа нема да ја спречи Македонија да чекори напред кон НАТО и ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top