-Преку моите контакти со граѓаните се запознав со Весна од Битолско, мајка на 3 деца, со сопруг стечаец уште од криминалната транзиција кој чека да ја исполни старосната граница за да оди во пензија, бидејќи поинаку работа за него нема. Вели се прехранувам со моите 200 евра плата, а работам од мојата 18-та година. Дневно работам по 12 часа. Додава, ако не е земјоделието и работата на земја на соседите кога ќе не ангажираат, не може да се прехрани семејството. А децата треба да се прехранат и соодветно школуваат. Лошо ќе биде уште ако ја зголемат старосната граница за пензионирање, за што веќе има најави, тоа ќе значи уште две или три години продолжена агонија. Почитувани, ова е реална и мачна слика од нашето секојдневие која мора да се промени, судбина која ја споделуваат многу жени не само од Битола, туку од Тетово до Струмица, од Куманово до Гевгелија. Во мене ова пробуди чувство на жал за мачната судбина, но и почит, голема почит за оваа жена борец за своето семејство – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на настанот кој го организираше Унијата на жени.

фото: А.Ивановски
Според него Владата мора да покаже активизам, македонската жена да добие шанса, услови за да се развива, да има можности која ќе ја направат активен член на општестото и двигател на развојот. Да отвори борба против семејното насилство каде најчесто се жртви жените, да влезе во бескомпромисна борба против злоставувањето на жените.
-Одговорноста мора да има име и презиме во оваа држава. Ние за жал станавме држава со секојдневие, каде на вестите се информации за злоставувани штитенички на Домот за деца со социјално-воспитни проблеми, и за тоа имаме отсуство на целосни информации, а чуството дека станува збор за посериозен проблем се заменува со обидот да се сокрие скандалот само за да нема политичка одговорност. Па следните денови ќе дознаеме од медиумите како е тепана полицајка, но веќе утредента кога ќе се сретне со министерот за внатрешни работи, дава изјава дека станува збор за самоповреда од пајак возилото. Нешто што не само што е дезавуирање на положбата на македонската жена, не само што станува предмет на шега на социјалните медиуми туку е и повреда на интелегенцијата на граѓаните. Имаме манифестација на сила, наместо спроведување на правда, а кога силата ќе почне да говори, законот останува недостижен – додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


