| четврток, 6 декември 2018 |

Шијак: Станува збор за македонскиот идентитет. Нашиот овде и оној на Македонците што се малцинство во другите земји

„Да престанете со пропагандата дека постои национален консензус дека преговорите се водат само за името на државата. Овде станува збор за македонскиот идентитет. Нашиот овде и оној на Македонците, не само што се малцинство во Р. Грција, туку и во другите соседни земји“, додаде Шијак. „Бараме да ги прекинете преговорите со Метрју Нимиц и да се обратите до Генералното собраниет на ООН, како единствена меѓународна инстанца, во која Р. Македонија не е Давид наспроти моќниот Голијат“, рече актерката Арна Шијак пред илјадниците граѓани кои се собраа денеска на протестниот собир во организација на движењето „Нашето име е наше право“, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде побараа итен прекин на преговорите со Грција.

Таа побара да се стави крај на употребата на референцијата ПЈРМ и да се донесе резолуција на ООН со која на Р. Македонија би ѝ се гарантирал непречен прием во меѓународни организации под уставното име.

ФОТО: Александар Ивановски (РЕПУБЛИКА)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top