| четврток, 6 декември 2018 |

Едно лице почина во сообраќајка кај село Удово

Денеска околу 13,00 часот на автопатот Скопје-Гевгелија кај с.Удово Т.П. (роден 1978) од Кавадарци, управувајќи моторцикл „Хонда“ удрил во задниот дел од патничко моторно возило „Волксваген голф-4“ со бугарски регистарски таблици, управувано од бугарскиот државјанин А.Д.П..

Со возило на Итна медицинска помош Т.П. е пренесен во Медицински центар-Велес, каде е констатирана смрт. Увид се врши. Сообраќајот се одвива со неизменично пропуштање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top