Фиорентина официјално соопшти дека нивниот капитен Давиде Астори бил пронајден мртов во хотелска соба ова утро, а тоа предизвика шок кај јавноста.
Италијанецот наполни 31 година во јануари и беше во хотелот во Удинезе со остатокот на екипата пред денешната средба против Удинезе.
„Давиде не се појави на доручек во 9.30, а обично беше прв кој пристигнува на него. Поради тоа играчите заминаа да го проверат. Давиде спиеше сам во соба. Не ја знаеме причината за смртта. Полициски службеник дојде и телото е префрлено на аутопсија, која ќе биде направена денеска. Немаме повеќе детали. Последен кој го виде Давиде беше Марко Спортиело. Некои играчи спијат сами во собите, а некои во парови. Неговото семејство го известивме преку телефон додека неговата сопруга ја посетија нашите директори“, вели портпаролот на клубот Артуро Мастронарди.
Извор: sport1.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


