| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска средба Мицкоски – Заев

Денеска ќе се сретнат лидеерите на двете најголеми политички партии во земјава, Христијан Мицкоски и Зоран Заев – дознава „Република“. Според информациите до кои дојдовме на средбата ќе се разговара за актуелните состојби, но пред се ќе се разменат информации околу спорот за името.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред неколку дена посочи дека ставот за името на најголемата опозициска партија останува непроменет. Според него, исклучително е ажно да се заштити македонскиот идентитет. Во јавноста во претходниот период имаше дисонантни тонови и различни позиции посочени од премиерот Зоран Заев во однос на промена на Уставот како и ставот за референдум на кој народот би го кажал своето мислење за евентуална промена на државното име. Ваквите променливи изјави на Заев внесоа забуна кај народот.

Од последната средба во клубот на пратеници имаше уште неколку средби меѓу преговарачките тимови на двете страни. Средбата е закажана за 19 часот во Владата на Р.М.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top