| четврток, 6 декември 2018 |

Крај Сатеска најдено починато машко лице

На стариот пат Охрид-Струга, во близина на реката Сатеска, било пронајдено телото на Д.С. (60) од Охрид.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Д.С. на 7 февруари бил пријавен за исчезнат од страна на неговата сопруга Н.С. По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top