Машки труп вчера е пронајден во водите на Дојранското Езеро. Во 11.20 часот во Полициското одделение Нов Дојран, Г.С. (47) пријавил дека во водите на Дојранското езеро, на место викано „Мрдаја“ пронашол починато машко лице.
Телото било извадено од езерото, а увид на местото извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија. М.С. (33) од Гевгелија извршила препознавање и потврдила дека починатото лице е нејзиниот татко Ѓ.А. (63) од Нов Дојран, кој на 15.12.2017 година бил пријавен за исчезнат.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст