СДСМ и АД ЕЛЕМ во недостиг на аргументи, знаење и вештини се служат со лаги. Резултатите со кои се фалат се резултати на преходната гарнитура – реагира ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната реакција на ЕЛЕМ по изјавата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека во енергетиката имаме поразителни резултати кои уриваат негативни рекорди.
Реакција: ЕЛЕМ го надмина планот за производство на електрична енергија подготвен од Мицкоски
Според нив фактите говорат дека производството на ЕЛЕМ во 2017 е надминато од претходното раководство.
Во периодот од 1 јануари до примопредавањето во август 2017 година, производството е надминато за 6.7 % во однос на планот. После преземањето на ЕЛЕМ од новото раководство, производството колабира. Бројките се поразителни за лагите на СДСМ. Вкупно со планот во првите седум месеци за 2017 година биле предвидени 2290,7 GWh, а произведени се 2444,4 GWh, односно има процентуално натфрлање околу 6,7% – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во енергетиката имаме поразителни резултати кои уриваат негативни рекорди (ВИДЕО)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст